ЗАД АГОЛОТ
Кога го свртев аголот, одејќи кон мојот дом, не можев да не ги видам... долги реки од “човештво“, кои итаат кон своите, сопствени, индивидуални к(ј)убикли, за да ги одиграат нивните рољи на корисност во срцето на големите, адски машин(ери)и што самите ги беа одбрале да ги сомелат и апсорбираат. Ги ѕирнав за миг нивните мачни, сиви лица на ветерани што го повторуваат истото со декади и се сетив на зборовите на мојот Ментор, човекот од кој многу учев. “Работењето за друг(и) е модерна форма на ропство. Ако сонуваш, не можеш да бидеш вработен. Само ако престанеш да сонуваш, ќе можеш да западнеш во таа хипнотична состојба. Веруваш дека донесуваш одлуки, но, единствено оние кои веќе ги имаат донесено за тебе. ’Сонот’ е најреалното нешто онаму каде што е.“
Ете, тоа беа зборовите на Сонувачот, кој ми рече и дека иднината не постои, зошто сеуште се нема случено, а, минатото е веќе отидено. И светот, исто така, не постои, бидејќи тој е само наша, сопствена проекција од хемиско-електрични импулси во мониторот на мозочната маса. Тоа не се настаните какви што навистина биле, туку одложено време и нивно мачно филтрирање.
0 Comments:
Post a Comment
<< Home