le piaf

AUDIATUR ET ALTERA PARS!

My Photo
Name:

A words trier, a stormy sea sailor, a jazz lover, a painting admirer, a poetry parser, a gig addict, a scent seeker, a harmony balancer. Or perhaps, a philanthropy practitioner, a knowledge seeker, a common grounds searcher, a truth resolver. Otherwise, tiny and frail creature who lives in deeds, not years. In thoughts, not breaths. In feelings, not in figures on a dial. And who also counts time by heartthrobs. Because most lives who thinks most, feels the noblest, acts the best.

Monday, December 19, 2011

ЗИМСКИ ДЕН


Денес сонцето не се појави. Скржаво го стуткале густи, бели облаци. А, и длабока зима е. Вистинска, скопска. Сепак, утрото е неприродно светло. Рефлексија од снегот, веројатно. Од секаде околу, од секое процепче на собата, насилно се втурнува леденото белило. Го ослепува погледот. Растреперува телото. Парализира умот. Одмрзнува секое поставено прашање. Замрзнува секој обид за одговор. Што со себе? Зошто подалеку од себе? Како поблиску до светот? Каде ќе ме однесат со овој ден, тие невидливи, безшумни чевли на тагата и немирот? И секоја идеја како да му направам некој трик, па, да скршне по моја насока, ја вшиваат и губат рабовите на топлата перница. И секоја иницијатива како поинаку да се преживее денот, прозорското стакло ја пропушта да исчезне некаде таму. Знам, повторно ќе задоцнам, ќе ме надитри, ќе ми побегне. Како сноп зраци ќе се протне низ набиеното, инертно, бескорисно секојдневие, дека ќе биде повторно по негово. Дека повторно ќе ме убие со ритамот на глупавите навики, а, јас повторно без трошка отпор ќе му се предадам. Одвратност од мислите. Гадење од немоќта сопствена. Студена пот. Снеможеност. И грч. И страв. Од првиот чекор. Од вистинскиот збор. Од новиот ден. Од старите болки.
Не станувам. Му оставам барем помалку време.
До мене стигаат пригушени, испрекинати од брмчење на коли, звуци од детско џагорење. Постепено се стишуваат. Сигурен знак дека пладнето, благо, нога за нога се спушта по градот. Да, пладне е, нервозно парајќи ја тишината вели и мојот часовник. Како вешт сликар што добро и брзо ги меша боите, млечната-белузникавост пладнето ја истура и растегнува насекаде. Некои неми, нажалени форми, налик на птици, го прекројуваат просторот. И мојот внатре и тој надвор. Ситни, снежни кристали нежно и рамномерно ја кинат меката и проѕирна ципа на климата. И на душата. Се лепат насекаде. Чудна некоја игра и селекција на природата. Некои се задржуваат и трупаат на темниот асфалт, други, само што ќе ја допрат влажната почва, се впиваат во неа. Исчезнуваат. Или стануваат воздух. Или вода. Недофатливи се. Недостапни. Се лизгаат низ дланките. Како сеќавања. Како настани со некоја-некогаш блиска личност, педантно спакувани и закопани длабоко во земја. Студеникави и далечни.
Денот-уметник додава на тони бела боја, без никакво нијансирање. По небото, хоризонтот, предметите, површините. Монотонија во бело. Визуелна. И секаква.
Треба да станам. Всушност, морам да станам.
Урбаниот патетично-идиличен акварел не ми измамува никакви емоции. Напротив, ме остава млитава и рамнодушна. Една стара, долго чувана болка, затворена к’о во стапица во мене, ме прави бестелесна и бессетилна за нешта како снегот, на пример. Таа повеќегодини негувана потстанарка ми ги рафинира сетилата за некои други вредности. До перфекција.
Се закачувам на интернет. Конектирањето трае околу десетина отчукувања на моето срце и потоа знам: gqb е на линија или не. Обично е. Овојпат, не е. Краевите на моето и неговото време никако да се спојат, констатирам по којзнае кој пат. Понекогаш се допираат, но, за кратко. Понекогаш, стрелките од мојот и неговиот бројач на времето умеат да отчукаат заедно и цел круг од минута, час, два. Или само така ми се чини. Понекогаш се сосема во контра. Мојот и неговиот круг. Мојот и неговиот универзум.
Сенки од луѓе се тетерават по калливите тротоари. Опскурните градски светла им даваат надстварен облик. Се движат во место. Левитираат. Ротираат. Газат. Ги прескокнуваат сопките од сопствените вистини. Како да немаат ни правец, ни насока. Уште помалку цел. Сепак, тие авети, замотани во одстоена скопска магла и нечист, замирисан воздух, со исплакнати модро-зелени лица, без радост, ниту тага на нив, чекорат некаде. Бегаат од самите себе. Целат, итаат, брзаат да ги стасаат своите илузии, пред овие да ги зграпчат нив. Тоа е смислата на нивните животи, веројатно. Безмилосен трк по илузиите. Оние што ќе ги стигнат, демек, се добитници. Тие што ќе бидат стигнати – лузери.
Јас од поодамна расчистив со овие две категории луѓе, па за пријатели одбирам – трета.
Разговараме лаконски преку виртуелни прозорчиња веќе две години. Или три, можеби. Има многу фикција меѓу нив. И многу растојанија меѓу нас. Има малку разбирање. И многу недоразбирање. Ги мразам, најчесто. И најмногу. А, не можам без нив. Односно, не можам без неговите загради место насмевки. И точки место очи. И букви место глас.
gqb влезе во мојот сериозно-болникав живот без зрно колебање. Се качи некако на мојот мал и насукан брод, кога веќе на него немаше никој. Упорно и смело. Ме фасцинира неговата простодушна сложеност, компликувана едноставност и тврдоглава желба да се смести и остане на мојата скршена, едвај пловлива барка. Ме убедува дека е роден губитник, а, шармантен е како најголем победник. Ме уверува дека е неук, а, во неговиот ум се собрани сите закони на (мета)физиката и природата, математички равенства, информатички технологии, откачени сликари и џез пијанисти.
Повторно сум online. Дишам забрзано. Вдишувам неспокој, издишувам мачнина. Сакам да размениме некој ред типкајќи; сакам да го разбијам ништавилото, сакам малку боја во белилото, топлина во студенилото. Всушност, сакам да го поканам на чај.
Дува и некој чуден, бел ветер. Острите иглички ги вее во спирали, па, хаотично ги оддувува околу. Така беше некое време, па почна да се бои со темно, за да се прелее во едно несносливо, намрштено, потполно црнило. И јас се разлевам со него. Верно го следам. И најпосле, мракот сосема го совладува денот. Без трошка отпор, противење, негодување.
Проверувам по третпат дали ќе го ‘сретнам’ gqb. Го чекам долго, го нема. Без колебање, без стравот кој вообичаено ме потресува, молкум и спокојно влегувам во празнината, во себе. Празна – како празен одек од тишината заборавена, како одамна напуштена куќа од покојниот сопственик, како двојна празнина. И можеби ќе допропаднев во празнината, ќе се загубев во вителот на отсуството, ќе потонев до дното на непостоечкото и таму ќе изгниев, ако не дојдеа неколку стихови од невидливото, од пукнатините на недостапното. Му ги испраќам како порака по полноќните гласници на ветрот:



Изусти само еден глас и по бојата негова
ќе знам дали утре ќе изгрее сонцето.
Напиши само една буква и по формата нејзина
ќе погодам кое годишно време ќе биде денот.
Кажи само еден збор и по тонот негов
ќе познаам колку ѕвезди ќе се видат во ноќта.

2 Comments:

Anonymous Anonymous said...

[url=http://www.chanel-newzealand.com]chanel nz[/url]
[url=http://www.supra-shoesnz.net]supra shoes[/url]
[url=http://www.giubbotti-moncleroutlet.com]outlet moncler[/url]
[url=http://www.supra-shoesnz.net]supra shoes[/url]
[url=http://www.supra-shoesnz.net]supra shoes[/url]
[url=http://www.supra-shoesnz.net]supra shoes[/url]
[url=http://www.giubbotti-moncleroutlet.com]outlet moncler[/url]
[url=http://www.giubbotti-moncleroutlet.com/moncler-jackets-mens-c-17.html]mens moncler outlet[/url]
[url=http://www.giubbotti-moncleroutlet.com]moncler outlet[/url]

Wed Nov 28, 08:02:00 AM 2012  
Anonymous Anonymous said...

Anti aging vision ointment comprises of the
components that you make a decision which is
right for you. There are only a number of ingredients which can make this happen abundant women and men
they will most probably determine what you might be talking about.
That assist may be acquired from lifecell titans to trade their natural skin care merchandise.
[url=http://efacecream.com]lifecell[/url] Now you
should have no problems and you should not want
to waste any time or income http://efacecream.com compound listing rather
than truly on its level of usefulness.

Stop by my homepage; buy lifecell cream

Tue Apr 30, 06:40:00 PM 2013  

Post a Comment

Links to this post:

Create a Link

<< Home