le piaf

AUDIATUR ET ALTERA PARS!

My Photo
Name:

A words trier, a stormy sea sailor, a jazz lover, a painting admirer, a poetry parser, a gig addict, a scent seeker, a harmony balancer. Or perhaps, a philanthropy practitioner, a knowledge seeker, a common grounds searcher, a truth resolver. Otherwise, tiny and frail creature who lives in deeds, not years. In thoughts, not breaths. In feelings, not in figures on a dial. And who also counts time by heartthrobs. Because most lives who thinks most, feels the noblest, acts the best.

Thursday, October 05, 2017

СОПКА

Еден сонувач се беше длабоко вљубил во слободата. Имаше слушано и читано многу убави нешта за неа. Раскажуваа, ја опишуваа како некаква највозвишена красота, која мора да се пронајде и доживее. Па така, тој силно посака да ја запознае и зграби засекогаш. Ја бараше во зенитот на сонцето, во трепетот на ѕвездите, во боите на виножитото, но, неа ја немаше. Седеше со ноќи под ведро небо, се загледуваше во секое ќоше, ги наслушуваше сите шумови, со надеж дека ќе ја сретне. Попусто. Колку повеќе тој трагаше по неа, таа толку повеќе му се оддалечуваше. Стана очаен. Се` помалку спиеше зошто се плашеше дека слободата ќе ја пропушти, ќе задоцни да ја завари. Речиси и не јадеше од брзање да не налета неподготвен на неа. Почна да талка низ светот.


На почетокот од патешествието, одот му беше смел и бодар, и ги прескокнуваше препреките со леснотија. Но, како одминуваа месеците и годините без успех, така силата го напушташе. Се губеше во времето и просторт. Се престори во разјарен ѕвер во потера по својот плен. Наидуваше на секакви луѓе, настани и предели, ама не и на слободата. Премален и снеможен, реши да праша еден разминувач дали знае каде се наоѓа таа и како да дојде до неа.  Му одговори оти најверојатно е на самиот врв на планинскиот масив, и му посочи два начина да стигне до таму. Едниот беше долг и безбеден, а другиот – краток и опасен. Сонувачот го одбра вториот и тргна по дрвениот и тесен премин, кој го поврзуваше подножјето на `ртот со околните карпи. Мостот се нишаше од јакиот ветер и го занесуваше лево-десно. Итајќи, се сопна на една распукана штица, се затетерави и се струполи во бездната.

Иако висината беше огромна што дури не се догледуваше дното од чадот и ињето, падот му беше спокоен. Нешто како лебдење на здивот на мечтата, како летање на крилата на неограниченоста, како левитирање на бисерите на страста. Сепак, повредите беа кобни. Пред да ги затвори очите занавек, сонувачот се загледа во слободата. Таа, всушност, го опкружуваше од секаде. Прпат почувствува отсуство на врзаност и страв. И мирно почина. Добро што никогаш не сфати дека таа беше само заробен концепт во неговиот ум. Бидејќи слободата е врховен морален принцип со демонска суштина.

0 Comments:

Post a Comment

Links to this post:

Create a Link

<< Home