le piaf

AUDIATUR ET ALTERA PARS!

My Photo
Name:

A words trier, a stormy sea sailor, a jazz lover, a painting admirer, a poetry parser, a gig addict, a scent seeker, a harmony balancer. Or perhaps, a philanthropy practitioner, a knowledge seeker, a common grounds searcher, a truth resolver. Otherwise, tiny and frail creature who lives in deeds, not years. In thoughts, not breaths. In feelings, not in figures on a dial. And who also counts time by heartthrobs. Because most lives who thinks most, feels the noblest, acts the best.

Saturday, July 12, 2008

THE STRING THEORY

Спонтаноста на мигот заискрува како молња низ скопскиот летен коктел од жега и дожд
и потоа тлее како догорче во нашите пеплосаните души
Спонтаноста на мигот се сопнува од сопствените ни мисли-препреки
и веднаш истрчува низ усните како глупав дијалог
Спонтаноста на мигот умира само што ќе и` погледнеме право во очи
и воскреснува штом ќе трепнеме
Спонтаноста на мигот си оди кога ќе се сретнеме подготвени да ја споделиме
и доаѓа пак во некои чудни и неспремни саати
Спонтаноста на мигот изгрева со првите трошки што ги одронува месечината
и повторно заоѓа со утринскиот зрак сончевина
Спонтаноста на мигот заспива со истоштеноста од моите инсомнии
и се буди токму кога почнуваш да тонеш во твојот уморен океан
Спонтаноста на мигот лебди меѓу незначајните приказни кои ги раскажувам
и левитира над вибрантноста на нотите кои ги свириш


Спонтаноста и мигот итаат да не` најдат додека невешто се криеме од нив

PS Напишано после концертот на String Forces, а посветено на нивниот водач.

0 Comments:

Post a Comment

Links to this post:

Create a Link

<< Home